Ковачевски: Еден ден Груевски ќе мора да се врати

t

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ вели дека дезинформациите што во нашата земја се пласираат во контекст на актуелните политички случувања потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива.

Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. Тоа нуди слобода на критичко размислување, социјална правда и економски просперитет. Тоа го сакаат и луѓето во Македонија и во регионот, истакнува за „Ди Пресе“ Ковачевски.


Вели дека Република Македонија во целост ја спроведува одлуката на Советот на Европа за забраната за емитување на руските медиуми „Спутник“ и „РТ“, како што неодамна направија и САД, Велика Британија и други земји.

Македонија целосно ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ. За прв пат воведовме санкции кон Русија, почнувајќи со оние од 2014 година, посочува Ковачевски.

Премиерот се осврна и на судскиот систем во земјава, кој, како што вели, е ослободен од политичко влијание.

Нашиот судски систем е ослободен од политичко влијание, истакнува во интервјуто за „Ди Пресе“, Ковачевски, одговарајќи на прашање поврзано со азилот во Унгарија на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е правосилно осуден во нашата земја.

Ковачевски посочува дека Груевски е осуден, а против него се водат и други постапки.

Прашањето за политичкиот азил во Унгарија им се упатува на унгарските политичари, не мене. Еден ден тој ќе мора да се врати и да се соочи со својата казна, додава Ковачевски за австрискиот весник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Сончево и многу топло време денеска…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и…

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

(Видео) Најмалку осум лица ранети истрелување во…

Најмалку осум лица се ранети во истрелување…

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…