Ковачевски-Ескобар: Потребна е уште една државничка одлука со што ќе ги осигураме евроинтеграциите

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамките на работна посета на Њујорк, се сретна со заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На состанокот на премиерот Ковачевски со високиот претставник на САД, Ескобар, е разговарано за актуелни прашања од значење за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД и за состојбите во регионален и геополитички контекст.

На средбата е истакнато значењето на големото и искрено пријателство помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, од независноста на нашата држава до денес. Тоа, како што е констатирано е одразено со активна соработка преточена во стратешкото партнерство меѓу двете држави и со потврдени резултати на планот на демократските, економските и стратешките интеграциски процеси на нашата држава.

САД, како што е потенцирано, високо го ценат учеството на Република Македонија во мировните мисии, одговорното партнерство во НАТО и придонесот на земјава во стабилноста на Западен Балкан и со тоа и на Европа.

Од овие причини, во Македонија се гледа доверлив партнер на САД. И, во таа насока е споделено е очекувањето дека сите политички субјекти во земјава ја имаат предвид историската и неповторлива шанса за ефикасен процес на зачленување во Европската Унија, по полноправното членство во НАТО. Нашиот европски пат, како што беше нагласено на средбата, е силно поддржан од САД.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за огромната и континуирана тридецениска поддршка од САД, во остварувањето на сите клучни и стратешки цели на Република Македонија, како и за личните заложби на високиот американски претставник, Ескобар, во овој важен период кога треба да се осигура европската иднина на државата.

„Поддршката од САД е од голема важност за унапредувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани, за просперитетот и стабилноста на Македонија, како и на целиот регион. Неопходно е во претстојниот период да донесеме уште една државничка одлука со што ќе ги осигураме евроинтеграциите – и Владата и јас лично сме силно посветени на оваа цел”, рече премиерот Ковачевски.

На средбата е разговарано и околу имплементацијата на реформите во нашата држава, со фокус и кон владеењето на правото и борбата со криминал и корупција. При тоа е нагласена важноста на поддршката што ја добива Македонија од САД и во овие значајни процеси за граѓаните и за европските интеграции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече…

Во Украина преку 400 населени места останаа…

Украина стравува од нова голема кампања на…

Четворица загинати во несреќа во полски рудник

Четири лица загинаа во рудникот Собиески во…

Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека…

Две маскирани лица го симнале знамето на…

Малолетници со нож ограбиле врсници во Чаир!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца…