Ковачевски: Заложбите на Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја.

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација во која се истакнува:

Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, век и половина почит и слава кон животот и делото на великанот на македонското национално револуционерно дело.


Денеска, на 4 февруари на денот на раѓањето на Гоце Делчев се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици пред кои беше исправено прашањето за создавање на самостојна држава.

Гоце Делчев највисоко го издигна неговиот интернационален и космополитски поглед со мислата „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите“.

Оваа негова порака до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти.

Идеалите и заложбите на Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…

Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…

Достоинство или го имаш или воопшто го…

Каракамишева: Ако ова не е страшно за…

Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…

Ковачевски: Невработеноста е на историски најниско ниво

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да…