Ковачевски за посетата на Петков во Битола: Во Македонија сите да ги практикуваат своите убедувања

Ние како Влада стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани, очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание, вели премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА на прашањето да го искоментира отворањето на клубот при културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
– Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Македонија е овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања, вели Ковачевски.
Тој пристап, додава премиерот, е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи, вели, тоа е нашиот белег и како држава и како општество.
– Воедно и Владата на Република Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања, изјави премиерот Ковачевски за МИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски на работна посета во САД
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со…
ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот…
Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза…
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…
Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…
Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…
Претседателот на Владата на Република С. Македонија…