Ковачевски: Мојот народ мора да се почитува!

Францускиот предлог каков што е во моментот е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Македонија. Мојот народ мора да се почитува, кажа премиерот Димитар Ковачевски од Брисел кде што се одржува ЕУ Самитот.
-Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори.Сакам да ја искористам оваа прилика и да порачам дека граѓаните на Северна Македонија може да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Ние направивме сѐ, сега ЕУ е на потег, стои во објавата на премиерот на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…
Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…
Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…
Претседателот на Владата на Република С. Македонија…
Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…
Достоинство или го имаш или воопшто го…
Каракамишева: Ако ова не е страшно за…
Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…
Ковачевски: Невработеноста е на историски најниско ниво
„Стапката на невработеност се очекува дополнително да…