Ковачевски му кажал на Вархеји дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Скопје се сретна со Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ.
На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот.
Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Македонија и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска унија.
Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна.
Премиерот Ковачевски нагласи дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со бугарскиот премиер Кирил Петков при воспоставувањето на дијалогот, и дека очекува односи врз таа база.
– Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партнер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ – рече премиерот Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЧК по улици ви парадира и не…
Ситуацијата пред Собранието на РМ денска ескалираше…
Димитров: На крајот сите ќе бидеме губитници,…
За било какво насилство нема оправдување. Протестите…
Граѓаните гневни: Ковачевски и Османи видовити, секоја…
Не стивнуваат обвинувањата кон власта дека провокациите…
СДСМ без срам и перде се јавија…
„Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти…
(Фото) Најнов извештај од МВР: 47 полицајци…
47 поврдени полицајци, 11 потешко, 2 посериозно,…