Ковачевски најостро го осудува каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград: Бугарија да ги најде и казни вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на Фејсбук го осуди каменувањето на македонскиот културен клуб во Благоевград и вели дека тоа е чин на вандализам и дека очекува од надлежните во Бугарија да ги пронајдат и санкционираат сторителите.
– Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодветсвуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави.
Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Македонија и Бугарија. – напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија за половина година ѝ дала на…
Софија му предаде на Киев оружје во…
Бугарски академик: Треба да ја промениме политиката…
Проф.д-р Спас Ташев од Бугарската академија на…
“Врие од кодоши”: 48 кандидати за пратеници…
Со текот на времето се намалува бројот…
Бугарија сепак го одложи влезот во еврозоната:…
Има формални критериуми за влез на секоја…
Шамар од Стејт департментот за Бугарија: Незаконски…
Акциите на бугарската влада за справување со…