Ковачевски на средба со Вархеји: Процесот на евроинтеграции не треба да се блокира, тоа е спротивно на волјата на граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана се сретна со Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. Како што информираат од Влада, на средбата била потврдена поддршката на ЕУ за проширувањето со земјите од Западен Балкан, и било истакнато дека „Македонија, како партнер од доверба и земја која последните шест години направи огромен исчекор во возобновување и развој на демократијата и демократските процеси, треба што поскоро да е дел од Европската Унија“.
Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните политички состојби во Република Македонија, поврзани со продолжувањето на европскиот пат на земјата и чекорите и одлуките кои треба да се преземат за да се обезбеди продолжување на евроинтеграциите и конечно полноправното членство на земјата во Европската Унија, а согласно утврдената Преговарачка рамка со ЕУ. На средбата се дискутираше и за Планот за раст на Европската комисија, кој што е оценет како добра шанса за Македонија и нашите граѓани кои со овој план ќе почувствуваат дел од придобивките од членството во ЕУ уште пред да станеме членка. Како што беше разговарано, со овој план сме поблиску до целта, членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година – се наведува во соопштението.
Ковачевски истакнал дека Владата е фоксуирана кон перспективата за членство во ЕУ и остануваат посветени на европската агенда. Соговорниците, како што информираат од Владата, изразиле надеж дека сите политичари ќе ја имаат предвид неповторливата шанса за придвижување на земјата напред и ќе го исполнат барањето на граѓаните, земјата да стане полноправна членка на ЕУ.
Премиерот Ковачевски истакна дека процесот на евроинтеграции не треба да се блокира, пред сѐ имајќи предвид дека тоа е спротивно на волјата на граѓаните, но и поради фактот дека стопирањето на евроинтеграцискиот процес поради неисполнување на обврските од преговарачката рамка, ќе ги закочи и сите процеси на економски и социјален развој неопходни за приближување на македонското општество до европските стандарди на живот – додаваат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…