Ковачевски на средба со г.г. Стефан: Одлуката на Вселенската Патријаршија е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.
На средбата премиерот Ковачевски му честиташе за радосната веста за одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со која Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија.
Со оваа одлука на Вселенската Патријаршија, беше потенцирано на средбата, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со останатите православни цркви.
Претседателот на Владата Ковачевски на средбата со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, посочи дека оваа историска одлука е донесена кога оваа генерација архијереи раководи со МПЦ-ОА и со православното свештенство, монаштво и со православниот народ и дека таа е донесена со интензивна комуникација со Вселенската Патријаршија во последните 4 години, во која со свој придонес учествуваа и претставници на Владата на Македонија.
Во таа насока беше и писмото на премиерот Ковачевски на почетокот на неговиот мандат до патријархот на Цариградската Патријаршија, неговата светост Вартоломеј, во кое тој уште еднаш повика Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да биде примена во евхаристичко единство со Мајката Црква како решение на ова долгогодишно црковно прашање во нашата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТАЖНА ВЕСТ: Малата Ана не успеа да…
Девет годишната Ана Аргировска од Куманово, за…
Невреме го зафати и Прилеп
Попладнево околу 18 часот регионот на Прилеп…
Ни треба целото оружје што го имате…
На Украина ѝ недостига оружје за контраофанзива,…
(Видео) Голем број демонстранти на протестот “Србија…
Со бројни транспаренти десетици илјади граѓани на…
Лукашенко: Згрешивме што не ја нападнавме Украина…
Единствената грешка на Русија и Белорусија беше…