Ковачевски на средба со г.г. Стефан: Одлуката на Вселенската Патријаршија е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

t

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

На средбата премиерот Ковачевски му честиташе за радосната веста за одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со која Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија.

Со оваа одлука на Вселенската Патријаршија, беше потенцирано на средбата, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со останатите православни цркви.

Претседателот на Владата Ковачевски на средбата со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, посочи дека оваа историска одлука е донесена кога оваа генерација архијереи раководи со МПЦ-ОА и со православното свештенство, монаштво и со православниот народ и дека таа е донесена со интензивна комуникација со Вселенската Патријаршија во последните 4 години, во која со свој придонес учествуваа и претставници на Владата на Македонија.

Во таа насока беше и писмото на премиерот Ковачевски на почетокот на неговиот мандат до патријархот на Цариградската Патријаршија, неговата светост Вартоломеј, во кое тој уште еднаш повика Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да биде примена во евхаристичко единство со Мајката Црква како решение на ова долгогодишно црковно прашање во нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Огнените” го напуштија Централното претседателство на ДУИ:…

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека…

Разговарале Зеленски и Макрон: Се фокусирале на…

Володимир Зеленски имаше едночасовен разговор со неговиот…

Страшно: 21-годишна струмичанка им овозможила на две…

На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица…

ЕК демантира: Фон дер Лајен нема да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не…

Штипјанец ја тепал, па ја прободел својата…

На 31.03.2023 во 23,40 часот во Штип…