Ковачевски: Не се согласувам со отварањето на бугарскиот клуб во Битола – Уставот не е обична книга па да се отвори и затвори кој како ќе посака

Не се согласувам со отворањето на клубот со име „Ванчо Михајлов“ затоа што тој е дел од темната страна на историјата и тоа е провокација, истакна премиерот Димитар Ковачевски околу отворањето на бугарскот клуб.
Тој појаснува дека треба да се отвораат културни клубови во соседни држави.
-Ние имаме таков во Софија,а Бугарите имаат таков во Скопје. Преку отворање на објекти се зајакнува соработката и пријателството меѓу граѓаните. Во однос на отворањето на македонски културен центар во Благоевград, името ќе го избереме до крајот на годината. Немав билатерална средба со Петков во Александрополис и немав можност да разговарам околу последните случувања, рече Ковачевски.
Околу отворањето на Уставот и внесувањето на Бугарите во него, премиерот вели дека ние сме единствена држава во Европа со министерство за правата на заедниците.
-Нашиот Устав предвидува дека индивидуалните права можат да се остварат колетивно според Уставот. Легитимно е барањето на граѓаните и тоа ќе биде на предмет на разговор. Уставот не е обична книга која може да се отвори и затвори кога ќе се посака. Ако се одлучиме на тоа, мора да биде поддржано од сите политички партии во Собранието, кажа премиерот во емисијата „Клик плус“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски на работна посета во САД
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со…
БОМБА НА БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ: Идејата за Бугари…
Одлуката на американското Министерство за финансии да…
Кацарска: Упатството за водење матична евиденција е…
Упатството за водење на матична евиденција е…
Белорусија го смени Уставот, се откажа од…
Институтот за проучување на војната (ISW) во…
Ковачевски му врати на Радев: Наследниците на…
Амандманите на Уставот се дел од преговарачката…