Ковачевски: Присуството на ќерка ми кај Папата е во согласност со протоколите

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека поведувањето на ќерката Тамара Ковачевска на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан не пречекорување на протоколот.
-Беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка и тоа е во согласност со протоколи за посета на Папа. Не е надвор од протокол да присуствува член на семејство. Историјата познава такви многу случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди сопружник, сопружничка или друг член на семејство, зависи од изборот на државникот. Со тоа се искажува чест и почит кон домаќинот, додаде тој.
Ковачевски рече дека така било и за поранешни претседатели и премиери.
-Не постои никаква двосмисленост или пречекурување на какви било протоколи туку уште еден начин да се оддаде почит“, рече Ковачевски од собраниската говорница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платите на наставниците во Бугарија од денес…
Платите на наставниците во Бугарија од денес…
Генерален штрајк во Белгија, откажани летови, бунт…
Христијанската унија ЦСЦ и социјалистичката ФГТБ протестираат…
Во прилепско село пронајдена граната од Прва…
На 27.03.2025 во 13 часот во ОВР…
Возач од Македонска Каменица со комбе удрил…
Возач од Македонска Каменица удрил во паркиран…
(Видео) Казнет возачот кој со Ауди возеше…
На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје…