Ковачевски: САД имаат јасна порака, нашата земја е фактор на стабилност и во Европа не само во регионов

Имаме голема, силна и конкретна поддршка од САД за следниот чекор во европските интеграции, објави премиерот Димитар Ковачевски, кој информира дека денеска имал средба со американската амбасадорга Анџела Агелер.
– На денешната средба што ја имав со американската амбасадорка Агелер е реафирмирана јасната порака од нашиот стратешки партнер САД дека Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста на регионот и на Европа и по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ. Го споделуваме очекувањето дека сите политички лидери и партии ќе го поддржат европскиот пат на државата и дека во таа насока и ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието, објави Ковачевски на својот официјале профил на Фејсбук.
Објавата на Ковачевски беше реобјавена и на страницата на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовна тепачка во Штип
На 30.03.2025 во 12.56 часот во СВР…
Телохранител на премиерот издавал службени тајни на…
Откако Инфомакс денеска ексклузивно објави дека е…
Ле Пен откако ја осудија: Вечерва милиони…
Марин Ле Пен, лидерката на француското Национално…
Се огласија од Шкендија: Длабока жал за…
Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе…
Царините на Трамп ги зближија Кина, Јапонија…
Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласија…