Ковачевски се пофали: Договорот со ФРОНТЕКС ќе се потпише на македонски јазик без додавки и ѕвездички

Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Македонија, на чист македонски јазик, без додавки и ѕвездички, напиша вечерва на Фејсбук македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
-ФРОНТЕКС, е првиот од многуте договори со Европската Унија кој ќе се потпише на македонски јазик, како рамноправен со останатите јазици на ЕУ.Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, со овој договор но и со преведувањето на целокупното европско законодавство добива исклучително важна потврда. Државните, националните интереси и интересите на граѓаните се во фокусот на оваа Влада и никогаш нема да отстапиме од нив, напиша Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи за Договорот со ФРОНТЕКС: Ги плашеа…
Видов коментари кои што ме шокираа, коментари…
СДСМ ја пишува историјата, велат од партијата…
Договорот Фронтекс е потпишан во Скопје, на…
Спасовски ќе го потпише договорот со ФРОНТЕКС…
Денеска за време на официјалната посета на…
Спасовски: Договорот со ФРОНТЕКС е прв официјален…
Први го парафиравме текстот на договорот со…
Договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик…
Република Македонија наскоро ќе го потпише својот…