Ковачевски утре во посета на Грција: Заедно со Мицотакис ќе разгледуваат терминал за течен природен гас

t

Терминалот за течен природен гас (LNG) во грчкиот град Александруполи утре ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со уште неколку лидери од Балканот, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу нив ќе биде и претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски.

Грчкиот премиер за време на владината седница во петокот ја соопшти посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал кој, како што рече, ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција туку и за регионот.


–Во вторник заедно со други лидери од Балканот ќе бидам во Александруполи на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас, многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански полуостров, рече Мицотакис.

Во Александруполи, заедно со грчкиот премиер, ќе присуствува и премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…

Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…

Достоинство или го имаш или воопшто го…

Каракамишева: Ако ова не е страшно за…

Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…

Ковачевски: Невработеноста е на историски најниско ниво

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да…