Ковачевски уште не седнат во Влада ветува четири проценти раст на економијата годинава

t

Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски.

Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45 посто во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството. Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите, напиша Ковачевски на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинските воени сили се заканиле на границата…

Гувернерот на Курската област Роман Старовојт изјави…

Израел може да загуби контрола над Палестина!…

Iзраелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави…

СПЦ не врати од 1967 во 1959…

Македонската православна црква денеска не добила автокефалност,…

Ристовски: Едноставно овој клуб е повеќе од…

Искусниот голман Борко Ристовски со порака на…

На територија на град Скопје изречени се…

Министерството за внатрешни работи во текот на…