Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието

Во соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ велат: Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието.
Димитар Ковачевски, спротивно на закон ги постави на политички позиции Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн и Ана Маркова Данева, продекан на медицинскиот факултет.
Ковачевски спротивно на закон ги поставил Ралев и Маркова Данева во ИО на СДСМ, а тие двајцата спротивно на закон прифатиле и со тоа се компромитирале и себе и факултетите кои ги претставуваат како нивни први лица.
Како челници на своите матични факултетите Ралев и Маркова Данева за да не ги компромитираат установите од кои што доаѓаат треба веднаш да си дадат оставки на позициите во образованието кои што ги држат, но и да си дадат оставки и во ИО.
Ако Ралев и Маркова Данева ги почитуваа законите, тие или немаше да прифатат да членуваат во ИО на СДСМ, или ќе си дадеа оставки од деканските места уште пред да бидат именувани на позиции во СДСМ.
Со секој поминат ден на чело на факултетите, Ралев и Маркова Данева го деградираат образованието и го компромитираат, со што нанесуваат трајна штета. – Пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски за Отворен Балкан: Ние се поврзуваме…
Со Отворен Балкан ги отстрануваме работните дозволи…
Ќе се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици
Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се…
Обвинителството ќе бара притвор за сите обвинетите…
Инфомакс открива дека обвинителството ќе бара притвор…
Со Мицкоски не сме во најдобар однос,…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во…
Финансиската полиција уапси членови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу…
Инфомакс дознава дека пред малку е уапсен…