Кога Боки 13 ќе спомне функционер на СДСМ, судијката го прекинува: Тој, сепак, откри детали од комуникацијата со некогашните сопартијци

t

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 денес ги има своите завршни зборови пред судот во својата одбрана за случајот „Меѓународен сојуз“.

Но, не му беше дозволено да зборува како и што сака, бидејќи во моментите кога спомнуваше имиња на функционери и екс-функционери од СДСМ, тој беше замолкнуван од страна на судијата.

Прв пат ова се случи кога денес Јовановски ги спомна Зоран Заев, Стефан Богоев и Александар Кирацовски, сакајќи да ја објасни нивната поврзаност со дел од проектите на „Меѓународен сојуз“. По ова, неговиот говор е попречен со објаснување од судијката дека тој треба да зборува за нешто друго.

Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска.

-Жалам што не успеавме да ги испитаме како сведоци, штета што не изведовме докази и комуникации. Тие пораки може ќе придонесоа за уште повеќе докази. За овој проект министерот за транспорт и врски Сугарески потпиша наменски меморандум со „Меѓународен сојуз“ со цел брзо и ефикасно реализирање на поставениот проект, претходно поддржан од Владата на Зоран Заев. Пред да се донесе акцискиот план, му беше презентиран проектот на Заев како тогашен премиер, а јас како тогашен член и симпатизер на СДСМ. Од Заев не само што добивме поддршка, туку и ветување дека ќе биде формирана специјална комисија која ќе помогне за реализација на проектите од „Меѓународен сојуз“, истакна Јовановски.

По ова Бојан беше прекинат од судијката која му се закани дека ќе му го скрати правото за завршни зборови.

Судијката му посочи дека негова должност е да направи анализа на изведените докази во постапката, а не да зборува за ова.

Сепак Јовановски откри дел од комуникацијата со дел од функционерите на СДСМ.

-Со Стефан Богоев јас имам пријателски однос, континуирани средби. Зборуваме и за политика и за приватни теми. Во предизборната кампања на Богоев за кандидат за градоначалник на Карпош е ставен проектот за изградба на старечки домови. За тоа постојат комуникации кои не беа изведени пред овој суд. Ноторна девијација на вистината е тоа дека јас сум знаел дека ќе нема земјиште и сум држел бизнисмени во заблуда. Му велам на Стефан дали може да се видиме да договориме детали за старечкиот дом, тој ми рече дека имал Финансова полиција и не можел, а јас му реков дека мора да се видиме за да не се откажам од договорот. Втора комуникација, Богоев ми вели “немај гајле, завршено е за локацијата“. „Ќе средиме се кога ќе се видиме“, истакна Јовановски.

Потоа Јовановски комуницирал со лице задолжено за комунален сектор во општина Карпош.

-Локацијата постоеше и покрај со Богоев се преговараше и со министерот за транспорт и врски. Доаѓаме до друг факт, носење на уредба со сила на закон, донесена на Влада за уредување на цени за изградба на старечки домови кога се активни овие два договори. Тоа го има во мојата неизведена комуникација со Горан Сугарески. Така се формирани пониски цени во однос на парцелите. Ако ова не било сериозно, кој ми го донесе мене Анго Ангов од општина Дојран да потпише меморандум за соработка. Тој дојде по партиска директива. Јас тој меморандум не го злоупотребив, од тој меморандум многу од општините профитираа. Тие што викаат дека јас сум сакал да се сликам со нив, баш тие бараа да се сликаат со мене и да добиваат лајкови, истакна Јовановски.

Адвокатот на Јовановски реагираше дека обвинителот имал право да зборува на ист ваков начин, а на обвинетиот тоа право му е скратено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ој бе, легнете си со жените:…

Нов статус на пратеникот и лидер на…

(Фото) Путин потпиша декрети за признавање на…

Путин потпиша декрети за признавање на окупираните…

Бајден: Иан можно е да биде најсмртоносниот…

Тој рече дека бројките се уште не…

Гутереш: Нема место за анексии во современиот…

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира…

(Видео) Автомобил се движи ,,рикверц” на патот…

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка…