Кога Лавров не може во Србија, неговиот српски колега оди во Москва

-Србија со големо задоволство ја прифати поканата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за тоа неговиот српски колега Никола Селаковиќ да ја посети Русија и веќе се дадени соодветни инструкции во таа насока, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Белград, Александар Бочан Харченко.
-Србија со големо задоволство ја прифати поканата на Лавров за Селаковиќ да ја посети Русија. Претседателот дал инструкции да се организира посетата, изјави Боцан Харченко за руската телевизија Russia 24.
Иако посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на Србија, планирана на 6 и 7 јуни беше откажана поради одлуките на Македонија, Црна Гора и Бугарија да го затворат воздушниот простор за неговиот лет. Наместо посета, Лавров одржа онлајн прес-конференција во Москва на која ги обвини НАТО и ЕУ дека неуспешно се трудат да ги нарушат односите меѓу Москва и Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во понеделникот изјави дека „не е премногу изненадувачка“ атмосферата во Европа што резултираше со откажување на посетата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград и ја прекори Хрватска за „наредбите на туторство“ наместо соседски и пријателски пораки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија најави најголема изложба на оружје и…
Минисерството за одбрана на Србија ќе организира…
Да не се повтори: На денешен ден…
На денешен ден пред 24 години почнаа…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…
Српска листа соопшти дека одлуката да не…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…