Кога пејачите ќе стивнат – пресуши „тезгата“ на Кристина Арнаудова во град Скопје, па пејачката им порача да престанат да дишат воздух оние кои ја критикуваат

t

„Ќе бидат ова долги три ипол години“ – се пожали пејачката Кристина Арнаудова на својата ФБ страница, објаснувајќи дека веќе нема да добива финансирање од градот Скопје за организирање на фестивал, што според неа било доказ дека градоначалничката немала сенс за хуманост.

Инаку, Арнаудова веќе подолг период, или како што и самата вели – од 2017 година добивала финансии од градот Скопје, општина Центар, М-НАВ и останати државни институции за нејзината невладина организација за организирање на наводни хуманитарни настани. Во овој период, Арнаудова пак, воопшто не се занимавала со нејзината пејачка кариера, што пак наведува на еден заклучок – примањата од државните буџети се подобри, од примањата кои ги остварувала како пејач.

Од 2017. година, во времето на владеењето на Петре Шилегов со градот Скопје, Арнаудова има добиено неколку десетици илјади евра за т.н. хуманитарни настани.

Оваа година, за прв пат по четири години Арнаудова е исклучена од програмата за поддршка на НВО од градот Скопје, а оние кои ја критикуваа програмата за работа на невладината организација која не добила средства им порача да престанат да дишат, затоа што бил „греота воздухот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Македонија ќе “ќари”: Продадена резиденцијата на…

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија…

Андревски: САД никогаш не отстапија од поддршката…

Новата американска амбасадорка Ангела Агелер деновиве положи…

Пронајдена марихуана, приведен дилер во Скопје

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето…

Бектеши: Ако потпишеме договор со Србија гасот…

Доколку се потпише договорот со Србија, „ќе…