Колемишевски: Османи ќе потпише дека не постои македонски јазик

t

Иако пет години, од Заев наваму сѐ до Ковачевски, сите од власта ги убедуваа граѓаните дека воопшто не се преговара за идентитетот, јазикот и историјата, денешниот епилог покажува дека сите од ред лажеле, токму тие теми опфаќале 70 – 80 осто од разговорите, пишува во својата последна колумна новинарот и поранешен директор на „Нова Македонија“, Панде Колемишевски. Сега, додава тој, истите од власта, без грам срам, од петни жили запнуваат да докажат дека таа битка е добиена и дека македонскиот јазик ќе биде признаен во Европа и ќе биде рамноправен во администрацијата на ЕУ.

Ваквото тврдење е нивната најголема измама што ја шират меѓу Македонците убедувајки ги да застанат зад понудениот предлог. Чиста фарса, вели Колемишевски.

Што навистина ќе прифати Владата, а ќе потпише Бујар Османи во името на „Република Cеверна Македонија“ во врска со наводниот француски предлог и билатералните протоколи и договори, токму во врска со македонскиот јазик, Колемишевски објаснува конкретно, без емоции, но со мали, кратки објаснувања, а можеби и со некое потпрашање.

Еве ги фактите. Во предлогот никаде не се споменува македонски јазик, како чиста дефиниција. Во него нема никаква гаранција дека македонскиот јазик ќе биде официјално еден од јазиците на Унијата. Тоа може да се случи дури од денот на приемот, 10 – 15 години од денеска па натаму. Неофицијално, тој и денес е во употреба. Нашите претставници во Европскиот парламент говорат на македонски, сите делегации,кога не разговараат на англиски, разговараат на македонски јазик со официјален преведувач. И од тоа никој досега не правел проблем.
Во Европа и во светот македонскиот литературен јазик го признаваат сите земји, освен една. И со букви и со бројки само една. Таа земја е Бугарија. Да повторам: Бугарија е единствената земја во светот што не го признава македонскиот јазик.
Втората земја што нема да го признава македонскиот јазик ќе биде Македонија, односно Владата на Република Cеверна Македонија. Ќе прашате дали е можно? Одговорот е – Да, можно е, пишува Колемишевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски се сретна со новоименуваниот унгарски амбасадор

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…

Жално: Околу 700.000 Македонци живеат надвор од…

Околу 700 илјади Македонци или околу една…

МНР за Инфомакс: Македонците да ја напуштат…

Безбедносната ситуација во Русија станува се' позагрижувачка,…

Премиерот не очекува бегалски бран од Русија:…

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско…

Ковачевски: Не е точно дека не реагираме…

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско…