Објавено на:

Колкава е опасноста за Македонија и регионот од мајмунските сипаници?

t

Д-р Драган Даниловски во гостување на Канал 5 телевизија објасни дали вирусот кој ги предизвикува мајмунските сипаници има пандемиски потенцијал.

– Најголем дел од случаите се врзани со патувања во Африка, но дел и не се. Мајмунските сипаници имаат симптоми слични на грип, карактеристичен е осип на лицето, потоа се шири по целото тело.

Во овој момент ги забележуваат клиниките кои лекуваат сексуално преносливи болести, најголем дел од случаите се кај мажи кои имале односи со други мажи, но се предупредува дека не смее да се мисли дека вирусот се шири само кај оваа група.

Мора да се каже дека предизвикувалот на мајмунски сипаници е од иста фамилија како и variola vera.

Овој вирус нема пандемиски потенцијал, мислам дека е изнасилено, подигната е топката превисоко заради пресензитивноста кај луѓето истоштени од Ковидот.

Вирусот од мајмунските сипаници не се шири лесно кај луѓето, потребен е близок контакт кај лице што има симптои, оној кој нема симптоми не може да го пренесе вирусо, вели Д-р Даниловски за Канал 5 телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воскреснуваме стари болести: Невакцинирањето ја донесе Црна…

Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше…

Вирусот од Африка галопира во светот: Мајмунските…

Откако во Минхен во петокот беше пријавен…

СЗО загрижени: Бројот на случаи со сипаници…

Бројот на случаи на сипаници во светот…

ЛДП бара Пановски и Даниловски да бидат…

Доктор Никола Пановски и доктор Драган Даниловски…

(Видео) Даниловски бара кpaј за ceртификатите и…

Можно е да регистрираме и две и…