Колумбија не ни е рамна: Пронајдена дрога при птресеси во скопски угостителски објекти, приведени 14 лица

t

Од 02 до 04 јуни 2022 година во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за спречување на недозволената трговија со дрога и други кривични дела, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, Специјална антитерористичка единица Тигар и Единица за службени кучиња во координација со Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се легитимирани повеќе од 150 лица, а приведени се 14 лица кај кои е пронајдена дрога (бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, екстази…). Приведени се Ј.Т., Д.Ш., Ф.И., С.М., Л.П., Б.А., С.Л., Ф.Ј., Љ.П., Ф.С., О.Ј, Т.Г., Н.Б., Х.Г.,

Во склоп на акцијата, во содејство со сообраќајната полиција, откриени се 30 лица, меѓу нив и малолетници, кои управувале возило без возачка дозвола, а одземено е и едно возило поради основи на сомнение дека потекнува од извршена кражба.Извршени се и над 70 прегледи на возила.

Меѓу приведените е и Ф.И.(25)од скопско, полициски службеник, кој не бил на работна задача, а при прегледот кај него е пронајдена дрога. За случајот веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени за натамошна постапка. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени мерки и активности за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а најстрого ќе бидат санкционирани и полициските службеници кои ќе ги прекршат законите на било каков начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена дрога во Куманово: Приведен дилер

На 27.09.2022 во 22.00 часот, полициски службеници…

Македонец уапсен во Хрватска за шверц на…

Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии…

(Видео) Голема акција на МВР во Гевгелија:…

На 23.09.2022 полициски службеници од Одделот за…

Командир на полициска станица доби четири и…

По поднесен обвинителен акт од страна на…