Објавено на:

Комисијата за заразни болести уверува: Имунитетот по основ на вакцинација е многу солиден

t

Според првичните податоци од истражувањето што го спроведе Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, анализираните 920 примероци за Скопје укажуваат на многу солиден имунитет врз основа на вакцинација.

Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид. Не можеме да збориме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од тие 920, околу 170 индивидуи беа невакцинирани и кај нив се сретнува над 70 проценти серопозитивност, односно и таму имаме солиден просек на имунитет, информира денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.


Овие параметри, посочи тој, ќе ги разгледуваат на следната седница на Комисијата во однос на тоа колку реално би можеле да бидат применети и искористени во насока на олабавување на рестрикциите.

Петличковски вели дека е точно оти човек што има повеќе антитела е подобро заштитен од инфекција и од тежок тек на болеста или смрт, но, како што нагласи, нема бројка која може дефинитивно да гарантира дека некој сигурно ќе биде заштитен.

Не може да се зборува прецизно, ние може да детектираме позитивен резултат за антитела, има распон на концентрацијата на количината на антитела, и тој распон корелира, колку човек има повеќе антитела навистина е подобро заштитен од инфекцијаи секако од тежок тек на болеста и смрт, но нема бројка која може дефиниотивно да гарантира дека некој човек што има концетрација таа и таа, сигурно ќе биде заштитен. Затоа и овие анализи треба да ги толкуваме така, има или нема имунитет кој може да се детектира со серолошки тест, вели Петличковски.

Тој информира дека денска разговарале и за подетална проценка за епидемиолошката состојба во државата што се промовира во повеќе западни земји. Најпаметно, вели тој, е да зависи од комбинирани повеќе индикатори.

На пример, се земаат предвид вакцинираните индивидуи, со две дози, со три дози, се земаат предвид прележаните од ковид по природен пат, исполнетоста на капацитетите, исполнетоста на леглата во интензивна нега, бројот на позитивни, проценотот на позитивни на дневна основа и трендот во неколку недели наназад и од сите тие параметри треба да излезе еден пресек за епидемиолошката состојба во моментот. Најпрецизна е претставата кога сите параметри се земаат предвид. Ние би сакале да бидеме внимателни, да не избрзуваме со олеснување нагло на сите рестриктивни мерки, рече Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…

Германија со одлична вест за гастербајтерите, се…

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах денеска…

Белгија ќе фрли над милион вакцини до…

Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека…

Повторно иста приказна: САД обезбедуваат 119 милиони…

САД обезбедуваат 119 милиони долари на вакцини…

Интерес за вакцинација против Ковид-19 нема ама…

Доцнат детските вакцини против Ковид кои требаше…