Објавено на:

Конечно, после година и пол: Укината кризната состојба за Ковид-19 во Македонија

t

По повеќе од година и пол дена, денеска завршува кризната состојба во Македонија, предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19, соопшти Центарот за управување со кризи. Денеска е последен ден од оваа состојба, која Владата ја прогласи на 20 ноември 2020. Првично беше краткорочна, а потоа Собранието на три пати ја продолжуваше по шест месеци.

„Центарот за управување со кризи известува дека рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, завршува денес (30.06.2022 година) на полноќ“, соопшти ЦУК.

Во ноември 2020 оваа кризна состојба за прв пат беше прогласена на ниво на целата територијата на држава, на барање на Советот за безбедност. Претходно, претседателот Стево Пендаровски, од март до јуни 2020 пет пати прогласуваше краткорочни вонредни состојби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на Пентагон позитивен на Ковид-19

Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин…

Одобрена за употреба првата бивалентна вакцина против…

Првата бивалентна засилувачка вакцина на Модерна против…

Голем број на новозаразени од Ковид-19: Четири…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Над 1100 новозаразени, три лица починаа: Ова…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Бајден повторно позитивен на Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден повторно позитивен на…