Конечно по неколку децении скопјани добиваат нов Луна парк

t

На денешната седница на Град Скопје беше усвоена одлука за отпочнување со градба на ветениот Луна парк. Луна паркот беше ветуван од многу претходни скопски градоначалници, но за жал до овој момент остана само предизборна фалба. Петре Шилегов ветуваше мега парк, на местото на Луна паркот, но не само што мега паркот на Петре не е реализиран туку и Луна Паркот остана затворен. После 44 години скопјани конечно добиваат нов забавен парк. Во продолжение соопштенинето на Град Скопје во целост: “Конечно отпочнува проектот за изградба на Луна парк Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката со која конечно ќе се реализира и отпочне со изградба забавниот парк. Град Скопје наскоро ќе започне со уредувањето на новиот Луна парк за што во прва фаза ќе бидат монтирани првите реквизити со цел паркот да биде функционален за граѓаните. Финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема и реквизити и нивно монтирање се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, додека следната фаза ќе биде реализирана со буџетот од 2023 и 2024 година.” – стои во соопштението.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема крводарителска акција во просториите на Град…

Голем број граѓани, меѓу кои и вработени…

Викендов нестабилно време со дожд, грмежи и…

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Делови од повеќе скопски општини денеска без…

Од ЕВН известуваат дека поради технички зафати…

Резерват во Швајцарија нов дом за две…

Двете мечки од скопската зоолошка, отпатуваа во…

Во одвоени случаи нападнати тројца малолетници во…

Две малолетнички и еден малолетник во три…