Конечно ќе испратиме амбасадор во Бугарија

t

Во моментов не постојат информации“. Тоа е одговорот што ќе го добиете на сајтот на македонското МНР, ако побарате информации за македонската амбасада во Софија. За разлика од ова, постои „информација” кој е амбасадор во Софија, ама, за жал, неточна, бидејќи таму сѐ уште фигурира името и биографијата на поранешниот амбасадор, Марјан Ѓорчев. Таму пишува дека неговиот мандат почнал на 1-ви април 2016, но не и дека завршил на 31-ви март 2020 година.

Ако речиси две години од истекот на мандатот на Ѓорчев не се нашло време да се ажурира еден елементарен податок, не е чудно што уште побавно оди изборот на нов амбасадор, и тоа во време на најсензитивните односи меѓу Бугарија и Македонија. Првата најава дека нешто ќе се направи на овој план, дојде од бугарскиот премиер Кирил Петков по неговата завчерашна средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Како што јави МИА од Софија, Петков појаснил дека се надева тоа да се случи во следните 60 дена. Пендаровски му порачал на Петков дека штом ќе добие предлог за иден амбасадор на Македонија во Бугарија, нема да го одложи испраќањето. Бугарскиот премиер посочил дека дека профилот на идниот амбасадор на Македонија ќе биде „бизнис-ориентиран и прагматичен“.

Предлогот допрва ќе се утврдува

Ваквото мини „портретирање“ на идниот амбасадор остави впечаток дека можеби веќе е утврден и познат предлогот (во потесни кругови), па во домашната јавност продефилираа шпекулации поврзани со имиња на бизнисмени, кои би можеле да се најдат на таа позиција. Но, шефот на македонската дипломатија најавува дека тоа прашање ќе се решава во наредните денови.

„Навистина беше пропуст што сите овие години ние немавме амбасадор таму. Немаме утврдено име, но јас се надевам во наредните денови да имаме веќе еден предлог за амбасадор“, изјави за БТВ македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Скопје остана беа амбасадор во Софија од април 2020 година и без ново решение ги помина изминатите две години на „падни-стани систуаци“ во односите со источната сосетка. Ваквата состојба не остана незабележана во добронамерните сугестии.

„Мислам дека е време Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба, и не треба да биде кој било. Сега на оваа земја ѝ треба навистина искусен дипломат кој ќе биде во секојдневен контакт со новата влада, бидејќи ова е единствениот начин да се постигне договор и можеби ова е единствениот начин да се скрати“, изјави минатиот месец словенечкиот амбасадор во РМ, Милан Предан, во интервју за РСЕ.

И Османи минатиот месец најави дека очекува да бидат пополнети сите испразнети амбасадорски места, и изрази надеж дека решенијата ќе бидат готови по формирањето на новата влада.

„Секоја амбасада е важна сама по себе, меѓутоа очекувам во наредниот период да го заокружиме целиот процес за да не оставиме ниту една амбасада без амбасадор, со цел навистина да ја ставиме во функција нашата дипломатска служба“, рече Османи.

Потребата што поскоро да се испрати амбасадор е потенцирана и од намерите на двете влади за динамизирање на односите преку пет работни групи кои ќе имаат активности, по можност и на седмично ниво, што бара фреквентни комуникации и координации преку ДКП. – Пишува Дојче Веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

(Фото) Удрен велосипедист во центарот на Скопје

Во овој момент во центарот на Скопје…

Власта потрошила 58 милиони евра на провизии…

Постои застој и бавна динамика на реализацијата…