Контактибилно и во стабилна состојба е детето кое се наоѓаше во автомобилот кој падна во водите на Вардар

Свесно, контактибилно, без видливи знаци за надворешни повреди е четиригодишното дете кое попладнево беше донесено во Клиничкиот центар во врска со излетувањето на автомобилот во водите на Вардар кај Рашче, вели за Курир директорот на Клиниката за Детска хирургија, Лазо Јовчески.
Детето било примено во Ургентниот центар, по што била повикана екипа од Детска хирургија која го превземала за натамошни испитувања.
-Поставено е на мониторинг, направени се анализи и КТ. Имаше мала хипотермија која брзо се регулираше. Згрижено е на одделот за интензивно лекување и е во стабилна состојба. Ќе биде задржано на опсервација, вели Јовчески.
Според извори на Курир, на Детска хирургија пристигнала и мајката на детето кое претходно, на местото на несреќата, беше пронајдено од случајни минувачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени…
Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Селективна правда ќе има за да се…
Селективна правда ќе има - некој ќе…
Вевчани за Кочани! Граѓаните се собраа и…
И покрај сите притисоци за кои денеска…
Приведен раководител за урбанизам во Маврово и…
На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај…