Објавено на:

Косово бара информации од Швајцарија за наводите за атентат на Дик Марти

t

Косовските безбедносни институции побарале информации од Швајцарија во врска со наводите дека тајни служби на Србија планирале да го убијат поранешниот специјален известувач за Косово во Обединетите нации по војната во 1998-99 година, Дик Марти, со цел за тоа да ги обвинат косовските Албанци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Беким Купина, советник на претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави за ТВ Коха дека официјална Приштина е во очекување на информации од Швајцарија, откако тамошните медиуми објавија дека Марти е под специјална полициска заштитa поради сознанијата дека му е загрозен животот од одредени српски служби.

– Претседателката Османи ги контактира безбедносните институции и побара од нив веднаш да обезбедат официјална информација од швајцарските власти за планот на српските разузнувачки агенции за елиминарење на пранешниот швајцарски сенатор Дик Марти. Поради чувствителноста на случајот, претседателката ќе се огласи повторно откако ќе добие официјални информации од швајцарската држава – ијави Купина.

Косовските медиуми деновиве ги пренесоа информациите објавени во швајцарски гласила дека Марти веќе 16 месеци е под специјален третман и силни заштитни мерки, поради информации дека од страна на српски служби било планирано тој да се убие и потоа за неговото убиство да се обвинат Албанците.

Српската Безбедносна информативна агенција (БИА), според медиумите во Белград, ги негирала наводите дека планирала убиство на Марти и тврди дека наводниот документ со закани по неговиот живот, кој дошол во посед на швајцарските разузнавачки служби, е напишан од британски тајни служби.

Меѓу косовските Албанци Марти ужива негативен публицитет, поради неговиот извештај до ООН дека има индиции оти, за време на војната во 1998-99 година, Ослободителната војска на Косово организирала трговија со човечки органи, кои биле вадени од воени заробеници и од цивили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР со најави за локално невреме, еве…

Времето до крајот на денов сончево и…

Вреди го попари „лидеро“ – Сали нема…

Пратеникот Беким Сали од коалицијата „Вреди“, денеска…

Борел: Блискиот Исток е на работ на…

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…

(Видео) Aпасиев со шах-мат потег за Мицкоски:…

Левица поднесе иницијатива за интерпелација на претседателот…

СДСМ: Обвинителството да го повика Мицкоски на…

Мицкоски од вчера молчи на повиците на…