Косово го укина полицискиот час
Владата на Косово донесе одлука за промена на мерките против ширењето на епидемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, од денеска се укинуваат полицискиот час и ограничувањата за работа на угостителските објекти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, од 7 март се укинува и забраната за организирање на фестивали, концерти, екскурзии, свадби, семејни веслби и слично, со тоа што се дозволува користење на 50 отсто од капацитетите на местата каде што тие ќе се одржуваат.
За влез во Косово останува обврската за приложување една од следните потврди: сертификат за примени две дози вакцини, или една доза од „Џонсон&Џонсон“ вакцина, од кои последната треба да биде примена најдоцна пред 12 месеци, негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, или потврда дека лицето прележало Ковид-19 во последните 90 дена (позитивен РТ-ПЦР тест издаден пред 21 до 90 дена).
Непроменета останува и обврската за транзит низ Косово без приложување на некој од доказите за вакцинација или прележана зараза, во рок од три часа од влезот преку аеродром или некој од земните гранични премини, со потпишување изјава за намерата да се напушти државата во определениот рок.
Според последната одлука на косовската влада, која беше во сила од 5 февруари, движењето на граѓаните беше забрането од 24 до 5 часот наутро, на угостителските објекти им беше дозволена работа до 23 часот, додека работата на ноќните клубови беше целосно забранета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…
Во петокот рано наутро дошло до пукање…
Србија ги прати во Косово посмртните останки…
Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…