Косовска полиција: Три пати бевме нападнати на пат кон Брњак, одговоривме на нападот

Косовската полиција денеска соопшти дека во три различни случаи биле нападнати со огнено оружје од, како што наведоа, „криминални групи“, на патот што води кон административниот премин Брњак и дека поради тоа биле принудени да одговорат, по што напаѓачите „повлекле во непознат правец“.
Според полицијата, напади имало и на неколку други локации, пренесе „Коха диторе“. Како што се наведува во соопштението, полициските единици биле принудени да одговорат на нападите со огнено оружје. Според информациите на полициските единици на терен, се слушнале и истрели на повеќе различни локации, се вели во соопштението. Од полицијата потенцираат дека засега нема официјални информации дека некој е повреден или дека е причинета материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон вработени во јавниот сектор…
До Инфомакс пристигнаа повеќе пораки од граѓани,…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Тешко е повредена жена во Битола, ја…
65-годишна жена вчера е прегазена од автомобил…
(Видео) Мојсоска: Психопат тепа бремена жена на…
*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска:…
(Видео) Протести против регионална депонија во Битола!
Граѓани од Битола, Могила и Новаци протестираат…