Косовските специјални сили претресуваат куќи во Бањска

Голем број припадници на специјалната единица на косовската полиција со кучиња влегле во селото Бањска на северот и започнале претрес во самото село и околината, јавува репортерот на агенцијата „Танјуг“.
Српската агенција наведува дека со припадниците на косовската полиција има и припадници на меѓународните сили на КФОР кои учествуваат во акцијата, а членовите на мисијата ЕУЛЕКС се на маргините и го набљудуваат текот на ситуацијата.
Минатата недела тензиите меѓу Косово и Србија достигнаа врв кога вооружените напаѓачи и косовската полиција се судрија во селото Бањска во близина на Митровица на северот на Косово.
Убиени се тројца српски напаѓачи и еден косовски полицаец. Како одговор на овие настани, НАТО ги засили мировните сили на КФОР на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на жртвите од земјотресот во Тибет…
Бројот на жртви во силниот земјотрес на…
Нотингем форест игра како пред пет-шест децении!
Најпријатното изненадување во Премиерлигата е екипата на…
Samsung одлучи: Ист процесор за сите
Интернационалниот модел Samsung Galaxy S25, кој користи…
Русија најави одмазда против Украина поради употребата…
Русија денеска најави дека ќе ѝ возврати…
Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово,…
Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово,…