Објавено на:

Косовски министер: Вооружувањето на Србија од Кина и Русија е закана за мирот и стабилноста на регионот

t

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај вели дека последното снабдување со оружје на Србија од Кина, а пред тоа и од Русија, претставува закана за мирот и стабилноста во Балканот, но и пошироко, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Мехај ги повика НАТО, Европската унија и Оргнизацијата на обединетите нации „максимално сериозно да го имаат предвид деструктивното и опасно однесување на Србија“.


– Со купувањето на ракетните системи и новото оружје од Кина, како и на поранешните системи од Русија, одново силно се потврдува деструктивното, многу опасно и антизападно однесување на Србија. Оваа одвратна претстава се случува во време кога ЕУ и НАТО и сиот свет кој ги поддржува евроатлантските вредности се соочува со агресорот врз тие вредности, Русија и нејзините сојузници, оцени Мехај.

Тој прашува „од кого е загрзена Србија, или против кого се вооружува со тие најнапредни напаѓачки и одбранбени системи?“.

– Косово постојано ја изразува својата оправдана загриженост поради деструктивното и опасно однесување на Србија во однос на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко, напиша Мехај.

Повеќе медиуми во светот деновиве објавија дека минатиот викенд Србија, во тајна операција, доби испорака на софистициран кинески ракетен систем, со што го зголемила контингентот на таков вид оружје кој претходно бил набавен од Русија и Белорусија.

Според агенцијата АП, шест кинески транспортни авиони Y-20 слетале на белградскиот аеродром рано во саботата, на 9 април, со ракетни системи земја-воздух HQ-22 за српската војска . Според воените есксперти, станува збор за модифицирана и подобрена верзија на рускиот ракетен систем С-300.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов: Кога државата зема кредити да даде…

Кога државата зема кредити за да ги…

Инфомакс е, и ќе биде редакција на…

Во вечерашното издание на "Teшки муабети" се…

Се спрема нов напад? Русија ги засилува…

Руските граничари на границата со Украина се…

(Фото) Ова се сите осомничени за случајот…

Управата за финансиска полиција денеска поднесе седум…

Не можете да кажете дека сте биле…

Не можете да кажете дека сте биле…