Објавено на:

Костадиновска-Стојчевска за „Цртај на македонски јазик”: Должни сме да ги поттикнеме новите генерации да говорат, пишуваат и цртаат на македонски јазик

t

Младите уметници и автори од независната културна сцена, преку проектот „Цртај на македонски јазик”, имаат можност со своите креативни идеи да придонесат кон зачувување на нашето најголемо богатство, мајчиниот јазик – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Конкурсот за проектот трае до 5 јуни, а предност имаат млади автори до 30-годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик.

– Ние сме должни да го зачуваме македонскиот јазик и да ги поттикнеме новите генерации, и покрај влијанието на различните странски јазици, да говорат, да пишуваат па и да цртаат на македонски. Ние како Министерство, преку различни културни активности, сакаме да се обезбедат услови за создавање нови форми на културно изразување, во кои преку различни медиуми ќе се користи македонскиот јазик, со кои ќе се осовремени и ќе се раздвижи културната понуда – вели таа.

Според Конкурсот, предлог-проектите може да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво и задолжително треба да содржат зборови на македонски и македонското кирилско писмо, како што се: графити, ликовни интервенции во урбан простор, налепници (стикери) за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм…), самостојни и групни изложби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дополнителни 36 спасувачи ќе бидат испратени во…

Дополнителни 36 припадници на специјалните сили обичени…

САД ја поздравуваат деескалацијата на реториката меѓу…

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на…

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…

Бугарскиот МВР ироничен: Ќе ви подариме три…

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и…

(Видео) Еве како Ангел Христов и останатите…

Неколку бугарски медиуми и провокатори на социјалните…