Костов: Бугарија го повампирува своет нацистичко и фашистичко минато и прави невиден атак врз Македонија и тука ќе летаат пердуви

t

Аналитичарот Сотир Костов во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, зборувајќи за спорот помеѓу МАкедонија и Бугарија, истакна дека Бугарите чепкаат во завршена историја, во нешто што е потврдено и со национални и со меѓународни документи.

„Токму таму ни чепкаат Бугарите, во културата, во традицијата, во сѐ што е македонско и тука ќе летаат пердуви и тука има да се разјасниме. Бугарија прави невиден атак врз Македонија, го повампирува нацистичкото и фашистичкото минато на Бугарија, ко е докажано, кое е осведочено, со меѓународни документи, со државни документи на Бугарија, со државни документи на Македонија, и сега повторно кога имаме мака ние да одиме во Брисел, во Европска унија, не уценуваат. Тоа е некоректно, тоа не е добрососедство. Годинава поминаа сто години од италијанскиот фашизам, дојде на власт 1922 година. Уште десет години ќе навршат осум века од средновековната инквизиција, и годинава, пак е некаде отприлика 100 и кусур години од германскиот фашизам. Пак ќе ни го враќа Бугарија?“, посочи Костов.


„Да се мешате, да кажувате вие кој да стои во македонскиот устав, знаете ли што е тоа? Тоа е флагантно кршење на внатрешниот суверенитет, не заборави, 40 години сум правник“, нагласи Костов, појаснувајќи дека внатрешнит суверенитет вели дека само народот кој ја создал државата има право да си ги решава економските, правните, политиколошките, социолошките, социјалните работи.

Во однос на надворешниот суверенитет, Костов нагласи дека секоја држава е рамноправна, согласно Повелбата н Обединетите нации.

„Надворешниот суверенитет го штити меѓународното право. Тоа пак вели, секоја држава е рамноправна, Повелбата на ОН вели дека само ние можеме да кажуваме што и како во домашното право ќе уредуваме и на кој начин ќе се одеснуваме во меѓународните односи“, нагласи Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…

Македонски автомобил падна во морето во Неа…

Автомобил со скопски регистарски таблички падна в…

Санкционирани 66 возачи во Ченто

Денеска (26.06.2022) во периодот од 10.00 до…

Петков: Скопје сега има избор за својата…

Скопје сега има избор за својата иднина,…