Костов удри по неуките бугарски политици: Време е да се соочите со историската вистина!

t

Историски соочувања: Македонија и Бугарија меѓу минатото и сегашноста

Почујте полититици, историци и Санстефански затвореници!


Утре, 26 април(вторник) директно ќе се соочите со историската вистина за вашата романтичарска историја во врска со Македонија, но и со вистинската македонска историја. Елитата од македонските историчари и историографи, со факти и аргументи содржани во веродостојни историски извори, ќе ја престават реалноста на минатото и сегашноста низ призмата на односите помеѓу Македонија и Бугарија. Ќе биде тоа добро четиво за вас бугарските неуките политичари и неумните ви историчари.

Доста ни беа политички извртувања(спинови)! Им дојде крај на историските фалсификати и на лагите, изречени и напишани од бугарските политичари и историчари. Време е вистината! – За минатото и сегашноста на Македонија! За таа цел на научна трибина, македонските историчари ќе ги изнесат своите ставови на тема “Македонија и Бугарија меѓу минатото и сегашноста“. Добра прилика да се чујат фактите и аргументите за сегашноста и минатото низ развојот на македонската историографија. Забеганите бугарски политички и историчарски елити ќе видат што е вистинска историја, а не историја прислужничка на политичка и идеолошка групировка, каква што е бугарската историја, во поглед на Македонија и Македонците.

Време е за историската вистина!

Време е за презентирање на трите окупации од страна на Бугарија. Време е за осведочување на бугарската окупаторска психа низ историјата, време е за посочување на неолитот на бугарската свест, време е за будење на бугарската историја и свест од средновековните освојувачки војни и Санстефански соништа. Драги мои политици, историци и сансефански заробеници. Утре едни од најистакнатите актери на македонската историска наука ќе ве пратат, поточно вратат во, прво одделение(политиците), во забавиште(историците) и во специјално историско училиште(санстефанските заробеници).

Земајте моливите, отварајте тетратките, забележувајте и пишувајте. За вас тоа ќе биде многу интетесна историска поука. Утре ваши учители, професори ќе бидат Митко Панов, Наташа Котлар, Бранислав Светозаревиќ, Никола Жежов, Ѓорги Малковски, Теон Џинго, Иванка Василевска, Нада Јурукова, Виолета Ачковска, Новица Вељановски, Стефан Мицов – Влахов, Михајло Миновски, Билјана Ванковска, Велика Стојкова Серафимовска и Тодор Чепреганов. Сите, од првиот, до последниот, докажани и потврдени доктори на историски, правни и политолошки науки. благопоучно за вас, ќе се погрижат за збогатување на вашето знаење и прочистување на вашата замаглена свест. Тоа ќе биде една “научна инекција“ за ваше лечење од анхронизмите што ве дават/гушат. И секако научно-историска вакцонација против вашиот регионален империајизам и експанзионизам, од кои потонувате во балканскиот глиб на незнаење, агресивност, нихилизам….

А богами ќе има и по нешто екстра, во вод на ол инклузив(всички екстри): За корените на македонската нација и македонскиот јазик; За етапите за борба на остварувањето на државноста на Македонија и македонскиот народ; За македонската посебна и самобитна култура и богатата македонска народна и фолклорна традиција, и уште многу други поучни историски четива.
За сето ова се погрижи Социјалистичката партија на Македонија и научниот и Организационен одбор на научната трибина.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка на…

Новак: Не беше лесно, сервисот ми помогна..…

Граѓаните имаат сериозни проблеми да си ги…

Државата не ги ни спомнува, а граѓаните…

180 позитивни од 2 880 тестови, нема…

Министерството за здравство информира дека во последните…

(Фото) Ресторан во Приштина им забрани влез…

Ресторан во Приштина на својот влез постави…

Димитров: Итна реафирмација на македонските позиции!

Итна реафирмација на македонските позиции!, вели поранешниот…