Костов: Цар Борис и татко му Фердинанд се најцрното лице и за Македонија и за бугарскиот народ – Ова денес е неофашизам!

t

– Не прифаќам директно веднаш да одиме на за мене маргинални личности во историјата, балканска, европска, македонска.

Царот за кој зборуваме е докажан фашист, соработик на Хитлер, за жал така се намести работава јас имам слика како бугарските фашисти му честитаат роденден, тој е бугарски фашист вели италијанскиот весник само 7 години од појавата на фашизмот во Италија.

Значи дури го прогласуваат и за ветеран на фашизмот, вели Сотир Костов денеска во гостување во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

– Еден документ бугарски во кој се обидува Бугарка да докаже дека има ариевско потекло, значи да не се вадиме дека биле администратори, напродив Бугарите се први кои го прегрнале фашизмот.

Да си ја одбраам Македонија, а ја одбранија партизаните, мртви и живи, еве фотокопија од оригиналното решение за окупација на Македонија.

Ова денес е неофашизам што сакате да ни го увезете. Таа личност нема светло лице, таа личност го има најцрното лице за Македонија и за бугарскиот народ, кој заради него и татко му Феридинанд страдаше во три војни.

Срамота е многу сум навреден, понижен кај нас да се отворат клубови со име на фашисти, од Иван Михајлов до Цар Борис, нека биде Васил Левски, нека биде Вапцаров, ама не овие, вели Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Котлар: Она што ни го кажуваат членовите…

Историските вистини не се потребни во политичката…

Милотинова: Белград и Москва немаат интерес Македонија…

Ниту Белград ниту Москва немаат интерес Бугарија…

“Македонски Бугарин” од Охрид: Бугарските клубви се…

Антибугарската реторика се засили во Република Македонија…

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

ЛЕВИЦА БАРА ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО…

ЛЕВИЦА НА СЕДНИЦА НА ЦК ГО РЕАФИРМИРА…