Кочанските југоносталгичари продефилираа низ улиците во градот со штафетата на младоста

Со дефиле по улиците во Кочани, и оваа година традиционално југоносталгичарите го одебележаа 25 мај, Денот на Младоста и роденденот на Јосип Броз Тито. Голем број учесници и оваа година беа дел од манифестација, носење штафета на младоста кои продолжуваат да ја негуваат традицијата и да ги слават деновите на кои се слави ликот и делото на Тито.
„Денеска како и секоја година и оваа го одбележавме денот на младоста 25 мај, со манифестација, со носење на штафетата, со коли низ градот. Имаше доволен број на учесници кои беа дел од манифестацијата. Само ние како здружение на граѓани „Јосип Броз Тито“ го прославуваме овој празник.
Ова традиција ќе продолжи да се негува и во иднина вели претседателот на кочанското здружение Јосип Броз Тито. Додава дека се очекува бројот на членови да расте во иднина, да се зачленат и млади граѓани кои ќе продолжат да ги слават сите празници и денови поврзани со Југославија.
Членовите на кочанското здружение секоја година на денот на смртта на Тито се во Белград, а ги одбележуваат сите денови и празници поврзани со Југославја и Тито. Кочанското здружение брои околу стотина членови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рејтингот на претседателот Џо Бајден е сериозно…
Logo HomeСвет СВЕТ Рејтингот на претседателот Џо…
Браво: Македонка истрча 211 километри за 24…
Македонската ултрамаратонка Катерина Шиповиќ постави национален рекорд…
Тридневна жалост во српските заедници на Косово
Во српските заедници во Косово 26, 27…
Најмалку 20 мртви и над 300 примени…
Најмалку 20 лица загинаа во експлозија во…
Државата треба да им исплати по 13.300…
Европскиот суд за човекови права донесе пресуда…