Кочо Анѓушев стана почесен конзул во новиот Конзулат на Малта во Македонија

При денешното официјално отворање на конзулатот на Малта во Македонија, Кочо Анѓушев беше именуван за почесен конзул со указ на претседателот на Република Малта, Џорџ Вела од 5 октомври годинава.
„Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување пред сѐ на економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме во Малта“, изјави Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на конзулатот.
Именувањето на Анѓушев е одобрено од Владата на Република Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…
Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…
Бугарскиот МВР ироничен: Ќе ви подариме три…
Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и…
(Видео) Еве како Ангел Христов и останатите…
Неколку бугарски медиуми и провокатори на социјалните…
(Видео) Нова надеж за уставобранителите: Иницијаторите на…
Сите се сеќаваме на Тиранската платформа која…
Поранешен бугарски заменик МНР: Очекувам судири за…
„Очекувам судири по повод прославата на 151-годишнината…