Коњаниците ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево денеска во 17.30 часот

t

Во пресрет на големиот национален празник Илинден, од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска тргнува 44-от традиционален коњички марш до Крушево.

Стартот на маршот е во 17:30 часот, кога градоначалникот Тимчо Муцунски ќе им го предаде општинското знаме на коњаниците, кои преку црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе го почнат својот долг пат до славното Крушево.

-Општина Аеродром како главен покровител на овој настан и најголем финансиски поддржувач, ќе продолжи да ја негува оваа традиција и во наредните години, која е од огромно значење за Аеродром и Република Македонија, информираат од Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица отвори нова канцеларија во Крушево

ОРГАНИЗАЦИЈАТА РАСТЕ - ЛЕВИЦА ОТВОРИ НОВА КАНЦЕЛАРИЈА…

БРАВО! Полицаец од Крушево влегол во запалена…

-На 30.09.2022 околу 17.35 часот во Полициска…

Најмногу дожд наврна во Крушево, во скопската…

ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОЛИЧИНА НА НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ…

Детали еве што се случуваше на Мечкин…

Саше Јанчев од Левица на Фејсбук реагира…

(Видео) СКАНДАЛ во Крушево: Од песната “Во…

Скандал на вечерашното отворање на прославата за…