Крај на поддршката? САД да престанат да фрлаат пари во Украина, бара американси конгресмен

Американскиот Конгрес треба да престане да фрла пари на Украина и да се фокусира на американските потреби, на повеќето Американци им е преку глава од војна и бескрајно трошење, изјави за Спутник конгресменот од Аризона, Пол Госар.
Госар вели дека досега гласал против секој предлог-закон во Конгресот за финансирање на конфликтот во Украина.
„Нема да поддржам ново барање за дополнителни 40 милијарди долари или какво било идно барање на Бајден за продолжување на бесмислената загуба на животи и уништување на двете страни од овој конфликт“, рече Госар.
Тој додава дека американската нација е „напаѓана на јужната граница, инфлацијата е на највисоко ниво на сите времиња и нашата земја е закопана во национален долг кој достигна 33 трилиони (милиони милијарди) долари.
„Секој во Конгресот кој мисли поинаку треба да поминува повеќе време надвор од Вашингтон, бидејќи на повеќето Американци им е доста од војна и бескрајно трошење“, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Самитот на ОБСЕ е одлична можност…
"Македонија треба да е горда на своето…
Москва: САД се обидуваат да организираат државен…
Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков…
Волстрит Журнал: Западот стравува од колапс на…
Загриженоста, наводно, доаѓа во време на големи…
Павел: Западот го прекрши ветувањето за Украина
Киев никогаш не добил соодветни резерви на…
Москва: Разговори со САД скоро невозможни
Русија нема да се согласи на „еднострани…