Објавено на:

Кремљ: Америка е де факто вклучена во војната

t

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека Америка „де факто“ е вклучена во конфликтот во Украина.

Песков го изјави ова еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека САД ќе продолжат да испраќаат оружје и воена опрема во Украина.

За време на редовниот брифинг со новинарите, Песков рече дека „американското учество во војната може да се види со голо око“.

„САД веќе де факто се вклучени во овој конфликт“, рече Песков.

„Ги слушаме изјавите на сегашната американска администрација за нивните планови да продолжат да испраќаат оружје и да го продолжат конфликтот, а со тоа да го направат што е можно поболен за украинската страна“, рече Песков, пренесе Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) “Сајбер команда” со Филип Петровски

Следете ја во живо петтата епизода на…

Мртов маж пронајден во својот дом во…

На 31.03.2023 околу 12.40 часот во СВР…

Бајден рекол за Харадинај дека е Џорџ…

Дали тие што го водат својот народ…

Вереницата на Роналдо со шокантно тврдење: Ни…

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се…

Блиску до пречекорување на црвените линии: Европската…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера објави дека…