Кремљ: На Европа ќе и треба Северен тек 2, што и да кажете сега

На Европа ќе и треба проектот „Северен тек 2“, што и да кажат за него сега, но во сегашната ситуација залудно е да се очекува негово пуштање во употреба, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Во сегашните услови, се разбира, би било непромислено и бесмислено да се надеваме на лансирање на „Северен тек 2“, со оглед на кратковидната позиција на нашите партнери за тој проект, а пред се на Германија“, рече Песков.
Портпаролот на Кремљ , исто така, се осврна на заплената руски имот во Украина, кој го оцени како кражба и додаде дека Русија ќе се бори против тоа и ќе ги врати.
„Каква може да биде реакцијата? Таа е негативна. Продолжувањето на таа политика, која во последно време стана мода во цела низа земји, практично е кражба на туѓ имот. Ние го третираме негативно. Ќе се бориме против тоа, ќе го браниме својот имот“, рече Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…