Кржаловски: Нема забрана за име, ако сакаат бугарскиот клуб може да го крстат и Адолф Хитлер

t

Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски во гостувањето во ТВ 24 даде своја анализа за случајот со отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Нема кај нас забрани за име, кое име сакаат можат, ако сака некој може да се именува и по Адолф Хитлер. Не може да забрани никој, ако целите на здружението не се уривање на уставниот поредок, како единствена забрана во законот. Тоа што беше од Министерството за правда, се однесува дека не го користат името Македонија. Само кога содржи име Македонија, мора да добие дозвола, бидејќи не го содржело името Македонија“, вели тој.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ