Кривична пријава за поранешниот директор на Трудовиот инспекторат – Еве што најдоа ревизорите

t

Јавните набавки ги вршел исти човек кој требало и да ги контролира, и притоа тој бил ангажирам со договор на дело, немало пишани процедури за внатрешни контроли, или, се на се, немало рационално трошење на буџетските средства. Немало евиденција за работното време и прекувремената работа, а биле склучувани и договори на дело кои не биле во согласност со законските одредби.

Бројни неправилности и незаконитости откриле држвните ревизори откако ги чешлале темелно „книгите“ на Државниот инспекторат за труд за 2020 година, клучна државна институција која треба да лови каде се низ фирмите во земјава се кршат правата на работниците.


За овој период главно е одговорен поранешниот директор на Инспекторатот, Аљајдин Хавзиу, кој беше таму прв човек се до 22 октомври 2020 година, а краток период од два месеци во таа година со инспектортот директоруваше Јована Тренчевска, која е сега министерка за труд и социјална политика.

„Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година ги констатиравме следните состојби: отсуство на пишани процедури за системот на внатрешни контроли во процесот на набавки и плаќање, а финансиските документи се проверуваат од страна на лице ангажирано по договор за дело на кое во исто време му се доделени надлежности за спроведување на постапките за јавни набавки, одобрување, извршување и контрола на финансиската документација, што создава ризик финансиските трансакции да не се темелат на комплетна и потврдена документација и да не се целосно, точно и ажурно сметководствено евидентирани и искажани во финансиските извештаи.

Потоа, констатирано е дека извршувањето на работните задачи од страна на вработените во Секторот за финансиски прашања не се во обем и начин како што е утврдено со актите за систематизација и Законот, со што директорот на Инспекторатот нема обезбедено стабилно финансиско управување, контрола и рационално користење на буџетските средства“, се вели во извештајот од Државниот завод за ревизија.

Второ, како што стои во овој документ, во ДИТ не била воспоставена евиденција за полното работното време и прекувремената работа и не биле доставени писмени известувања до подрачниот државен инспектор при воведување прекувремена работа.

„Исто така, склучени се договори за дело кои не се во согласност со законските одредби. Има непополнетост на одделението за внатрешна ревизија и нереализиран договор за вршење ревизија од страна на Министерството за правда.

Изготвен е годишен план за работа на Инспекторатот без претходно донесена Методологија за проценка на ризик. Дел од вонредните надзори не се извршуваат во законски предвидениот рок, како и нецелосно комплетирање на предметите по извршен инспекциски надзор. Сметководственото евидентирање на новонабавените или на друг начин добиените материјални средства е ненавремено и хронолошки спроведено.

Има и слабости во вршењето на пописот на средствата и обврските, односно тој во целост не е извршен согласно законската регулатива. Не е воспоставена сметководствена евиденција за набавените и издадените материјали. Постапките за јавни набавки се спроведувани само од лицето ангажирано по договор за услуги за извршување на работи поврзани со јавни набавки и други услуги, а за дел од набавките не се спроведени постапки за јавна набавка и нецелосно се применети одредбите од Законот за јавни набавки“, се вели во извештајот на ДЗР кој се однесува за 2020 година.

Инаку, ревизијата била правена во периодот од средината на јуни до средината на септември лани. Изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2020 година, напишале ревизорите.

Извештјот на ДЗР открива и една интересна работа, а таа е дека против претходниот директор била поднесена кривична пријава.

„Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки за надминување на истите. Во делот за нагласување на прашања за неизвесност или континуитет, обелоденивме дека – поднесена е кривична пријава против претходниот директор на Инспекторатот и лицето ангажирано по договор за услуги за извршување на работи поврзани со јавни набавки и други услуги за сторено кривично дело злоупотреба на службена дејност“, се вели во Извештајот.

Преку проект за модернизација на инспекциските служби кој го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација изработен е електронскиот софтвер „E-инспектор“ преку кој ќе се вршат инспекциските надзори и контроли и ангажирање на вработени од Инспекторатот за извршување на работни задачи како call centar, кои во досегашниот период ги извршувала фирма избрана врз основа на договор по спроведена постапка за јавни набавки.

„Извршувањето на работни задачи кои се однесуваат на организирање и подготовка на завршната сметка, контрола на финансиската документација и водење на финансиско и материјалното сметководство и плаќање и пресметката на бруто плати е доверена на надворешно правно лице односно на лице ангажирано по договор на дело и покрај тоа што во рамките на секторот се систематизирани, а дел од нив и пополнети работни места. Ревизијата утврди дека вработените во секторот не ги извршуваат работните задачи во обем и на начин утврден со актот за систематизација“, се вели во извештајот.

Се нагласува дека активностите за организирање и спроведување финансиска контрола и сметководствено евидентирање и подготвувањето на годишна сметка кои се обврска на раководителот на секторот, не се исполнети согласно член 11 од Законот, а директорот на Инспекторатот од ноември 2017 година со Решение му дал согласност на раководителот на Секторот за финансиски прашања за склучување на договор со друг работодавач, односно консалтинг друштво за дополнителни 10 работни часа неделно.

„Нецелосното исполнување на работните обврски од страна на вработените во Секторот за финансиски прашања и ангажирањето на друштво за консалтинг и лице по договор за дело за извршување активностите придонело раководното лице на Инспекторатот да не обезбеди стабилно финансиско управување и контрола, како и рационално користење на буџетските средства. Имено, во текот на 2020 година исплатени се средства и тоа за: помладиот соработник за буџетска контрола и координација и помладиот соработник за исплата на плата сметководствени услуги согласно склучените договори за јавна набавка со друштво за консалтинг во износ од 291 илјади денари, а имало и водење на постапките за јавни набавки, преземање на финансиски обврски и плаќање, реализација на договорите за стоки и услуги, проверка и ликвидација на примените фактури од склучените договори за набавки и фактурите за комунални услуги, греење комуникација и транспорт и советодавни услуги поврзани со извршување на буџетот на Инспекторатот согласно склучениот договор за услуги со ангажираното лице во вкупен износ од 333 илјади денари“, се вели во извештајот и се додава дека ваков начин на организација на работење на Секторот за финансиски прашања и ангажирање на друштво за консалтинг услуги и лице за спроведување на постапките за ЈН се применува и во 2021 година.

Во текот на 2020 година, врз основа на налози донесени од директорот, извршена е исплата на надоместоци за работа преку полното работно време (прекувремена работа) во износ од 1.058 илјади денари, од кои 186 илјади денари се однесува за 15 вработени во административните служби на Инспекторатот.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директор на училиште во Кичево противправно стекнал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(45)…

Резултатите од пописот го поделија ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ контра експратеникот Илија Димовски дали партијата…

Кривична пријава за поранешниот директор на Трудовиот…

Јавните набавки ги вршел исти човек кој…

МВР ќе ги гони Комити: Следува пријава…

На 19.02.2021 година, за време на одржување…

Алтернатива ја добива директорската фотелја во ПИОМ

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување…