Кривична пријава против поранешен директор на училиште во Куманово

t

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(63) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, вработен како директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Романовце, во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање на диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат на Република Северна Македонија и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.

На ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за убиство во Куманово: Го прободел…

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(35)…

Претрес на МВР во Куманово: Пронајден кокаин,…

На 02.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници…

Жена физички нападната во Куманово

На 30.12.2022 во 19:10 часот В.К.(54) од…