Кривични за петмина скопјани: Краделе бакарни кабли и уништувале шахти

t

СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет лица и тоа Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36) сите од Скопје, осомничени за сторени 28 кривични дела, од кои 12 „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.

По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, информираа денеска од МВР, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР ќе ги гони Комити: Следува пријава…

На 19.02.2021 година, за време на одржување…

Последен поздрав на скопјани со Аки: На…

На Градскиот плоштад во Скопје медиумски и…

(Видео) Apcoвcкa пoчнa co кpивичнитe за администрацијата…

Град Скопје по Иницијатива од Државната Комисија…

Регулаторна комисија ги повика скопјани да се…

Потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од…

Пријава за стружанец кој украл „голф“ во…

Струшката полиција на 4 јануари извршила службен…