Крушево го посрамоти македонскиот спорт: На олимпиецот Ставре ќе му „помогне“ со само 10,000 денари

t

Нордиецот Ставре Јада е револтиран од односот на Општина Крушево во пресрет на настапот на Зимските олимписки игри во Пекинг. Локалната самоуправа на неговиот роден град му одговорила позитивно на барањето за финансиска помош, но сумата што е одобрена го шокирала.

За вториот настап на Олимпијадите, по Пјонгчанг во 2018 година, Јада од Општина Крушево ќе добие 10.000 денари. Револтот од таквата одлука, тој го сподели преку социјалните мрежи.


Денеска од Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци, а пред еден месец, таа обезбеди финансиска помош и службено возило до БиХ за целосно новата биатлон-федерација. Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево и тоа дали ова е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот и зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите? – Но, и со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на ЗОИ во Пекинг“, напиша меѓу другото Јада на социјалните мрежи.

Ставре Јада ќе биде еден од тројцата македонски претставници на ЗОИ во Пекинг од 4 до 20 февруари. Тој е пријавен за настап во спринт на 1,4 километри и во маратонската трка на 50 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…

Македонски автомобил падна во морето во Неа…

Автомобил со скопски регистарски таблички падна в…

Санкционирани 66 возачи во Ченто

Денеска (26.06.2022) во периодот од 10.00 до…

Петков: Скопје сега има избор за својата…

Скопје сега има избор за својата иднина,…

Удрен пешак на раскрсница кај Соборен храм

Денеска околу 18:30 часот беше удрен пешак…