(Видео) Кузеска: 100 дена Влада, а 300 скандали, најмногу во МВР
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција во партиското седиште обвини дека актуелната влада има продуцирано најмногу скандали во првите сто дена од владеењето во историјата на Македонија.
Таа вели дека најголем дел од скандалите се поврзани со работењето на Министерството за внатрешни работи, но и дека иако од ВМРО-ДПМНЕ пред изборите ветувале ред и поредок, сепак, фактичката состојба кажува поинакви податоци – голем број скандали, неказнивост и брутална партизација на Министерството.
– Изгоре 10% од територија на државата само поради неспособноста на МВР и надлежните институции. Одговорност нема. Не се расчисти ниту скандалот со генералниот секретар на Владата, кој случајно доби поклон од 325 000 евра во зграда со министерот Тошковски. Скандалот со министерката Божиновска чија фирма должела еден милион евра на МЕПСО остана исто така нерасчистен. – рече Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кузеска: 100 дена Влада, а 300…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната…
Бебе почина на Детската клиника во Скопје…
14-месечно бебе почина утрово на Клиниката за…
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
Плачот на роднините и буката која ја…
Столтенберг: НАТО премина многу црвени линии што…
-Ако не нешто друго, јас се залагам…
Струга го „здроби“ Вардар на Арената, Работнички…
Вардар одново доживеа дебакл откако загуби од…