Кулеба: НАТО да ги „ревидира сите стратегии“ за да се осигура безбедноста по евентуално членство на Украина во Алијансата

Влезот на Финска во НАТО ја покажува потребата Алијансата да ги „ревидира сите стратегии“, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во обидот да лобира за идното членство на неговата земја, јави ДПА.
Честитајќи и го приклучувањето на Финска, Кулеба рече дека решението за осигурување на безбедноста на Алијансата е „евентуалното членство на Украина во НАТО“.
Говорејќи покрај генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Кулеба ја повика Алијансата да ја забрза испораката на артилерија, муниција и тешки возила за „успешна контраофанзива“ против Русија.
Украинскиот министер за надворешни работи изрази благодарност до Столтенберг за организирањето на Комисијата НАТО-Украина, иако Унгарија имаше приговори. Министерот истакна дека комисијата е значајна во симболичен, политички и практичен контекст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шолц бара светот да се обедини околу…
Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ја нападна…
Трансџендер портпаролот на територијалната одбрана на Украина…
Трансџендер портпаролот на територијалната одбрана на Украина…
Москва: Воените вежби на НАТО се подготовка…
Планираните воени вежби на НАТО во 2024…
(Видео) Опасна реклама од министерството за одбрана…
„Ќе се вратиме во Киев“, вели војникот.…
(Видео) Уапсен трговец со деца призна дека…
Во видео признанието на уапсениот трговец со…